Бразилски научници од институтот Бутантан дошле до сознание дека супстанцата „Амбиомин-икс“ (Ambyomin-X), што се излачува од плунковните жлезди на крлежите ги уништува малигните клетки на карциномот. Уште поинтересно е тоа што таа состојка не е воопшто штетна за здравите клетки на организмот.
-Секако дека класичната хемотерапија ги уништува малигните клетки, но третманот ги загрозува и здравите клетки на организмот.
Во нашиот случај, после 42 дена третман, немаме никакви знаци за уништување на здрави клетки кај лабораториските животни, вели лидерот на проектот, Ана Марсија Чужински.
Првите испитувања направени врз лабораториски животни се успешни. Лигата од крлежите успешно излекувала малигни метастази проширени низ панкреасот, кожата, белите дробови и бубрезите.
Се очекува новата формула наскоро да почне да се тестира и врз луѓето.
ZaSe.mk