Гавезот и ден денес е еден од најделотворните природни лекови против воспаление на тетивите, артритис, отекување на зглобовите, болки во половината, болки во екстремитетите, остеопороза и сл. Тинктури направени од оваа билка можат да се користат како облози кои се навистина делотворни против отворени рани, модринки и крварења, ја штитат раната и го забрзуваат нејзиното зараснување. Чајот пак од гавез е одличен против чир на желудникот, воспаление на цревата и други дигестивни проблеми.
Чајот од гавез има и многу други благодети во организмот, но на нашите простори овој чај најмногу се користи за третман на чир на желудникот. Затоа денес ви претставуваме рецепт за чај од гавез како третман против чир на желудникот.
Подготовка:
Две мали лажички добро иситнет корен од гавез се става во чаша ладна вода. Поклопете ја чашата и оставете ја да стои така во текот на целата ноќ. Утре дента благо загрејте ја течноста (не до вриење), потоа процедете и пијте ја течноста голтка по голтка во текот на денот. Освен што е делотворен против чир на желудникот овој чај е и одличен против менструални тегоби, отежнато варење и воспаление на белите дробови.