Home / природен лек / Јаболков оцет – лек за многу болести

Јаболков оцет – лек за многу болести

Јаболковиот оцет е добар природен лек против многу болести. Две лажици јаболков оцет пред спиење се корисна помош за дијабетичарите, бидејќи гo намалува утринското ниво на шеќер во крвта.

jabolkov-ocet2Ако почувствувате први знаци на печење во устата, веднаш побарајте спас во јаболковиот оцет. Неговата киселост ги уништува бактериите и помага при отстранување на инфекциите. Едноставно измешајте 1/4 лажица топла вода и правете гргара на секој час додека не престане надразнетоста на грлото. Кај затнатиот нос, испијте чаша вода со лажица јаболков оцет. Тоа ќе ја намали напнатоста во синусите и ќе го олесни дишењето.

Ако имате намера да јадете тешко сварлива храна, во чаша вода додадете една мала лажичка мед и една лажичка јаболков оцет. Оваа смеса испијте ја 30 минути пред оброкот. Тоа делотворно ќе го спречи евентуалниот запек. Јаболковиот оцет разреден во вода е делотворен и против пролив (дијареа) предизвикан од бактериски инфекции.

Но, јаболковиот оцет е многу кисел, па затоа секогаш треба да го разредите со вода. Чистиот јаболков оцет би можел да ја оштети забната глеѓ и ткивото во устата и грлото. Исто така, не се препорачува кај остеопорозата.

Една лажица оцет помага кај болките во мускулите. Телесното вежбање предизвикува создавање млечна киселина во телото, што за последица има чувство на голем замор. Аминокиселините кои се наоѓаат во јаболковиот оцет успешно го спречуваат создавањето на млечна киселина. Исто така, јаболковиот оцет содржи калиум и ензими кои го отстрануваат чувството на замор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top