Сокот од цвекло може да им овозможи на старите луѓе да водат поактивен живот и да го продолжи неговото времетраење.
Со текот на годините многу процеси во организамот се успоруваат и се отежнува нивното функционирање. Се намалува кислородот во крвта со што се отежнува вежбањето, па дури и пешачењето претставува проблем.
Научниците велат дека постарите луѓе може да останат активни доколку пијат сок од цвекло. Потврдено е дека состојките од цвеклото, особено нитратот помага во зајакнување на мускулите кои се потребни за физичката активност.
Во извештајот се наведува дека цвеклото го намалува притисокот и овозможува подобар проток на крвта, а веќе одамна е познато дека цвеклото спречува голем број болести и затоа е препорачливо да се конзумира во секоја животна доба.