Дали знаете дека исхраната богата со таканаречени алфа-линолни киселини од оревите, од маслата од ореви и лен, го намалува ризикот за појава на срцеви заболувања и проблемите со притисокот.
Оние кои редовно употребуваат мали количества од овие продукти имаат двојно помали шанси да заболат од споменатите болести.
Според една студија на Универзитетот во Пенсилванија, САД, алфа-линолните киселини го намалуваат лошиот холестерол, но и ги спречуваат проблемите со крвните садови.
Значи, ако сакате здраво срце, тогаш секој ден треба да изедете неколку ореви или за салати да користите масло од ореви.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes