Шипинките се богат извор на витамин Ц, нивните лековити својства ги откриле старите Грци кои ги именувале како „овошје од Бога“.
Ако имате слаб имунитет и сте склони на инфекции и настинки време е во вашето секојдневно мени да ги вклучите и шипинките. Шипинките ја подобруваат концентрацијата, ја спречуваат настинката а воедно помагаат и со циркулацијата на крвта.
Од шипинките се прави мармалад, чај или супа. При подготовката се препорачува да се избегнуваат алуминиумски садови бидејќи ќе го апсорбираат витаминот Ц, и ќе се изгубат сите хранливи супстанции а самата шипинка ќе ја промени бојата.
Сокот од шипинки покрај тоа што е вкусен и богат со антиоксиданси ја подобрува работата на срцето, штити од ракот на дојка а воедно го препречува и таложењето на масни наслаги и вишок на килограми.