Home / нови лекови / Во Белград претставена компјутерска програма за откривање карцином

Во Белград претставена компјутерска програма за откривање карцином

Институтот „Михајло Пупин“ разви софтвер за лоцирање и откривање карцином во организмот, што е претставен на 39-от Меѓународен саем за медицина и стоматологија „Медидент“ што почна денеска на саемот во Белград.

impzgrada_1344169826Творецот на софтверот Јелена Василјевиќ вели дека се работи за нова компјутерска метода за детекција на примарен карцином кај метастази на карциномот на коски.

Таа појаснува дека софтверот е модуларен и оти лесно би можел да се применува и на други органи за откривање почетен карцином.

stomak bolkaПроцедурата е таква што се зема примерок за биопсија, се гледа под микроскоп и таа дигитална слика само се пропушта низ софтверот. Со притиснување на едно копче, за неколку секунди вие добивате каде е примарниот карцином, појаснува Василјевиќ.

Таа додаде дека кај пациенти со метастази често се губи драгоцено време на дијагностички процедури кои долго траат и кои се скапи.

Со примена на софтверот полесно би се детектирал примарниот карцином.

– Со тераписко, брзо делување на примарниот карцином би се намалила стапката на смртност, нагласи Василјевиќ и додаде дека засега тоа би била помошна дијагностична процедура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top