Холестеролот во жолчката од јајцето може да има исто негативно влијание за крвните садови (артерии) како и димот од цигарите. Ова се разултатите од последното истражување кое го спроведе група канадски научници, а беа објавени во спiсанието “Atherosclerosis“.
Жолчката која е богата со незаситени масни киселини “омега-3“, витамини и антиоксиданси и за да би имала нутритивна вредност, би требало да се внесува во многу мали количини, затоа што покрај сите корисни состојки, жолчката содржи и многу холестерол.
Научниците дошле до резултатите за штетноста на жолчката со мерење на ехографија. Кај 1.200 пациенти, постари од 61 година научниците ги мереле маснотиите и ќелиите кои прогресивно ги уништуваат артериите во каротидната артерија (довод на крв до вратот), а истите може да се откачат, да предизвикаат блокирање на миокардот или пак мозочен удар.
Научниците забележале дека формирањето на тие наслаги посебно се забрзува по 40-та година кај лица кои редовно јадат јајца (жолчки). Во многу сериозна состојба биле оние кои јадат жолчка повеќе од три пати во неделата.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes
