Никогаш нема да ги намалите килограмите преку ноќ. А и самиот обид за некого е потежок, за некого полесен. Но, доколку сте одлучни во својата намера, потребно е повеќе од диети и вежбање. Најпрвин треба да решите да ги промените своите навики. Прифатете го новиот режим како ново секојдневие и како рутина.
Следете ги овие седум совети за брзо, ефикасно и организирано намалување на тежината:
Прв совет
Почетокот на работната недела секогаш е полна со работа и обврски. Но, мора добро да размислите за начинот на кој го трошите своето време. Размислете за тоа и ќе сфатите колку време поминувате гледајќи телевизија, седејќи без да правите ништо корисно, гледајќи во компјутерскиот екран.
За почеток почнете со следниве предлози:
– комбинирајте ги работите (спакувајте ручек за следниот ден додека ја правите вечерата);
– распоредете ги обврските (вклучете го и остатокот од семејството);
– направете реална листа на обврски (првин завршете ги најважните работи, а помалку важните доверете им ги на другите).
Втор совет
Секој што некогаш посакал да ослаби, прескокнал некој од оброците, но тоа не треба да го правите. Потребна ви е редовна количина хранливи материи за добро да функционирате. Јадете редовно, но во нормални количински оброци. Не прејадувајте се и ако одлучите да купувате храна наместо да готвите дома, гледајте тоа да биде здрава храна. Јадете на секои четири часа, мали оброци колку да ја зачувате ситоста.
Трет совет
Јадењето надвор од кујната или трпезаријата не се препорачува бидејќи така развивате лоши навики. Особено, одбегнувајте јадење пред компјутер или пред телевизор. Јадете на трпезариската маса и тоа само кога навистина сте гладни. Обидете се да не поминувате низ кујната и да загризете с` што ќе ви се најде пред очи.
Одбегнувајте ги грицките, чипсовите.
Четврти совет
Мултитаскинг е пожелен во канцеларија, но не е добар кога станува збор за храната. Ако работите други работи, покрај тоа што јадете, возите или читате вести, помалку ќе обрнете внимание на тоа колку сте јаделе. Потрудете се да не правите ништо друго, освен да јадете кога е време за тоа. Бидете целосно концентрирани на тоа колку внесувате и што внесувате.
Петти совет
Немој самите да си подготвувате диета и да смислувате правила за топење на вишокот маснотии. Исто така, не поставувајте си ултиматуми до кога треба да ослабите бидејќи така само ќе си отежнете. Истражувањата покажуваат дека полесно ќе ослабите ако добиете поддршка од блиските отколку кога тоа го правите скришно. Бидете искрени кон вашата пријателка или сестра и замолете ја да ве придружува во прошетките или трчањето.
Шести совет
Самото место каде што се наоѓате може да ви ги привлекува мислите кон храната, но тие мисли може да ги растерате само ако не сте навистина гладни. Ако секогаш кога ќе видите реклама за колачи, изедете едно, тоа сигурно ќе значи дека не сте постојано гладни додека гледате реклама за храна. Прекинете ја таа навика. Задолжете ги вашите мисли со нешто друго, земете да работите нешто или да вежбате.
Седми совет
Како последен ден и пред да ја започнете новата недела, направете план за оброците за цела седмица. Ако не сте организирани, ќе јадете с` што ќе ви падне на памет. Набавете ги сите потребни продукти и направете го планот за секој ден посебно. На овој начин ќе го одбегнете прејадувањето.