Home / Болести и лечење / Кошмарите кај децата предупредуваат на психички нарушувања

Кошмарите кај децата предупредуваат на психички нарушувања

Редовните кошмари кај децата можат да бидат првичен знак на предупредување на психичко нарушување, предупредуваат британските научници.

dete kosmarТие тврдат дека поголемиот број деца имаат кошмари, но треба да се обрне внимание кога таа појава трае со години. Со истражувањето биле опфатени 6.800 деца на возраст до 12 години, при што е утврдено дека дополнителчно е зголемен ризикот за психотични нарушувања кај децата кои за време на кошмарите врескале и неконтролирано удирале со екстермитетите.

Најчести психотични нарушувања кај тие деца биле халуцинации, делузии и чувство дека некој им ги контролира мислите. Околу 37 проценти од децата вклучени во истражувањето имале кошмари кои се појавувале во период од повеќе години.

Научниците од Универзитетот Ворвик пресметале дека присутноста на кошмарите на возраст до 12 години е поврзана со 3,5 пати зголемената опасност од психотичните нарушувања, а тој ризик бил двојно поголем кај децата кои имале редовни кошмари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top