Home / нови лекови / Македонските болници лидери на Балканот – по комплицирана операција пацинт ќе застане на нозе

Македонските болници лидери на Балканот – по комплицирана операција пацинт ќе застане на нозе

Како што дознава Мкnews денеска во приватната клиника ,,Моја Болница ,, во Скопје се извршува операција која за прв пат на Балканот се изведува во една приватна клинка.

1540403_280587968818824_1256082792033333217_oПациентка со тежок младешки ревматит ќе биде подложена на операција за имплантација на две вештачки колена со една анестезија, во еден акт!

Операцијата ја извршува Др Тодор Ношпал со тимот од Моја Болница. Др Ношпал досега има извршено 32 слични операции, но за прв пат операцијата ќе се изврши на две колена истовремено.

Обновено

Како што дознавме операцијата завршила успешно. Траела 3 ипол часа, а пациентката се чуствува одлично. Истата пациентка долги години мака мачела со ревматизмот, а има направено и две операции на колкот. По оваа интервенција веќе од утре ќе се работи на нејзино брзо застанување на нозе.

Со ова Македонија стана лидер на Балканот што се однесува до новитетите во приватното здравство. Нашите приватни клиники и лекари експерти се повеќе воведуваат најнови методи, операции и третман за пациентите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top