Home / нови лекови / “Ало докторе” – ако нешто ве боли свртете 15-123

“Ало докторе” – ако нешто ве боли свртете 15-123

почна со работа повикувачкиот центар на  „Ало докторе“. Од осум часот граѓаните ќе можат со јавување на телефонскиот број 15-123 да се консултираат за определена здравствена состојба или симптоми што ги чувствуваат. Телефонот е наменет за полесни случаи односно полесна симптоматологија се со цел за такви работи да не се оптеретува Брза помош.

brza-pomos alo doktoreВо проектот, како што информира министерот за здравство Никола Тодоров, се вклучени доктори специјалисти со најмалку 10 години искуство што е различно од диспечерите кои се јавуваат во Итната медицинска помош кои што се општи лекари, а дел од специјалистите се и штотуку пензионирани доктори.

На телефонот совети ќе делат и 39 директори на скопските клиники и здравствени установи во главниот град. Ќе работат по една смена во месецот во кол-центарот „Ало докторе“ по четири часа.

– Тоа значи дека секој ден од 18 до 22 часот ќе има по еден доктор, кој што е директор во некоја од клиниките, односно специјалист или доктор на науки со огромно искуство, кој ќе прима повици и ќе дава совети на граѓаните кои што сметаат дека имаат потреба да се јават на овој телефон, рече Тодоров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top