Home / алтернативна медицина / Еве како лечеле Маите – рецепти од древната медицина

Еве како лечеле Маите – рецепти од древната медицина

Цивилизацијата на Маите, која шест векови цветала во подрачјето кое денес ги опфаќа деловите на Мексико, Белизе, Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала, развила методи за лекување кои имаат свое место во денешната холистичка медицина. Тие развиле и неколку рецепти за здрав и хармоничен живот.

419435_semillasdecha_f1. Семе од шпанска жалфија

Шпанската жалфија „чиа“ – е име изведено од зборовите кои означуваат животна сила – била растение кое древните Маи и Ацтеки го сметале за важно за одржување на добро здравје и енергија. Семето е богато со растителни влакна и протеини и е преполно со здрава омега 3 масна киселина.

2. Душата и телото како едно

За Маите, суштината на здравјето претставува рамнотежата – додека болеста се смета за нејзино растројство. За да се излечи ваквата нерамнотежа, Маите користеле комбинација од билки, сопствени форми на масажи и акупунктура, хидротерапија и молитви. Исцелителите првенствено настојувале рамнотежата да ја подобрат преку животната енергија во телото со што нивната медицина потсетува на кинеската.

Холистичката традиција на лекување на Маите е медицински-религиозна, што значи дека еднакво ги лекувале болестите на телото и душата, сознавајќи го нивното поврзување.

395115_20131031reutersedgard-garridomexico-citydi005781392_f

4. Многу чоколадо

Маите редовно консумирале чоколадо. Археолозите пронашле остатоци од чоколадо во антички садови и сметаат дека Маите го пиеле чоколадото 1000 години порано отколку што некогаш се верувало.

Какаото бил редовен дел од нивната исхрана – некои тврдат дека дури и со него го зачинувале секој оброк.

kakao1382391402_thumb_medium490_0Какаото бил пијалок на обичните луѓе, и храна на боговите и владетелите, за што сведочи и неговото научно име Theobroma cacao – храна на боговите.

Какаото и производите од него се полни со флаванола, антиоксиданс кој го штити срцето и мозокот. Какаото е богато со магнезиум, минерал важен за многу телесни процеси, а исто така и со калциум, железо, бакар, цинк и натриум.

Многу вода

pijte-voda

Најновите истражувања покажуваат дека древните Маи имале доволно усовршен систем на водовод и канализација, со што имале создадено доволен притисок на вода во куќите, фонтаните и тоалетите.

Близината на водата не била само функционална туку фнтаните и чешмите на луѓето им служеле за подобро да се чувствуваат, а го познавале и третманот на хидротерапија.

5. Верување во живот според природните циклуси

Силната верба во природните циклуси на раѓањето и смртта била смислата и структурата во животот на Маите и ова претставувало основата на нивните верски убедувања.

Маите верувале дека ништо никогаш не се раѓа ниту пак умира, и тоа верување го инспирирало нивниот однос кон боговите и универзумот.

Тие имале свој бог на пченката кој за време на жетвата бил обезглавен со меч, за да се роди повторно во време на сеидба. Животот во согласност во ваквите духовни верувања донесува пониско ниво на стрес, подобро ментално здравје и подолг животен век.

Повеќе за Маите и нивните методи на лекување на – БабинЛек.мк 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top