Home / аларм / Најчести симптоми на бременоста

Најчести симптоми на бременоста

Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни многубројни симптоми и позитивни тестови за потврдување на бременоста, за да бидат навистина сигурни во тоа.

Во текстот се наведени најчестите симптоми на бременоста, но сепак не заборавајте дека секоја жена е нешто посебно, па затоа може да се случи да ги имате сите овие симптоми или пак само некои од нив.

– Чувствителни гради eho bremena
Еден од првите симптоми на бременоста се токму осетливите, воспалени гради и брадавици, а причина за тоа е зголеменото ниво на хормони во организмот. Чувствителноста е слична како во периодот пред да добиете менструација. Ова непријатно чувство се намалува по третото тромесечје, бидејки телото се навикнува на хормонските промени. Исто така, многу често делот околу брадавиците се зголемува и потемнува и на тој начин при доењето бебето многу полесно ја пронаоѓа брадавицата.

– Замор

Заморот е многу честа појава во првите 8-10 недели, а тоа е резултат на зголеменото ниво на прогестеронот и стресот кој го предизвикува бременоста. Во второто тромесечје ќе имате повеќе енергија, која сепак ќе ве напушти во третото тромесечје и повторно ќе чувствувате замор.

– Слабо крварење

Кај некои жени 8-12 дена по забременувањето може да се јави слабо крварење. Исцедокот обично е незабележлив, со бледо розе боја, а не црвена како обично. Грчевите се исто така честа појава во раната бременост.

s-PREGNANCY-TEST-TESTICULAR-CANCER-large– Гадење, повраќање

Поголемиот дел од жените, утринското гадење го чувствуваат еден месец по забременувањето, а помал дел ја имаат таа среќа воопшто да не го почувствуваат. Но, на некои жени желудникот им создава проблеми и многу порано. Меѓутоа, утринското гадење не е ограничено и тоа може да се појавува во текот на целиот ден, па и навечер. Гадењето обично поминува во почетокот на второто тромесечје или некој месец подоцна.

– Зголемено чувство за мирис

Не е ништо необично мирисите кои пред бременоста ви биле омилени и пријатни, сега да ви предизвикуваат гадење и непријатност.

– Губење на апетитот

И покрај тоа што е добро познато дека бремените жени имаат зголемен апетит, многу почесто се јавува и губење на апетитот. Со храната може да ви се случи исто како и со мирисите, па дури и со онаа која пред бременоста ви била омилена. Ова чувство може да биде привремено, но може да ве следи и за време на целата бременост.

podmocani zeni - urinarna inkontinencija– Често мокрење

Кога менструацијата ви доцни недела до две, можно е да почнете почесто да мокрите. Причината за тоа е зголеменото количество на крв и други течности во телото, а како последица на тоа бубрезите преработуваат повеќе течности кои завршуваат во вашиот мочен меур. Со текот на бременоста ова чувство е поизразено, бидејќи плодот кој расте го притиска вашиот мочен меур.

Зголемена телесна (базална) температура –

Доколку вашата базална температура остане зголемена и по завршувањето на менструацијата и не се намалува на нивото пред овулацијата, веројатноста дека сте бремена е многу голема. Значи, доколку ја следите својата базална температура и таа константно остане висока 18 дена, веројатно сте бремена.

– Доцнење на менструацијата

Доколку имате редовна менструација, сигурно ќе направите тест за потврдување на бременоста и пред да се појават некои од овие симптоми. Но, доколку имате нередовна менструација, горенаведените симптоми многу брзо ќе го привлечат вашето внимание.

Тест за потврдување на бременоста – Тестовите кои се прават од урината, можат да бидат точни помеѓу 10 до 14 дена по оплодувањето, но не заборавајте дека и тие тестови не се 100 % сигурни. Доколку кај вас постои чувство на сомневање во резултатот, повторете го тестот и во случај на позитивен резултат, договорете преглед кај својот гинеколог.

 

moja bolnica2

Повеќе информации за бременоста и се што ве интересира на следниот линк

Моја Болница Скопје – (сајт)

Моја Болница – Скопје (фејсбук)

Phone +389 2 2. 511-2016; 511-2017; 204-5577; 072. 273-934

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top