Наодите на научниците од универзитетот во Хонгконг покажуваат дека јакнењето на слојот на протеини што ги штити сперматозоидите може да придонесе во лекување на неплодноста.
Станува збор за слој протеин кој е клучен за заштита на сперматозоидите од микроби, пишува стручното списание „Science Translational Medicine“.
Истражувачите веруваат дека јакнењето на овој заштитен слој би можело да ги зголеми шансите за успех во ин витро фертилизацијата (ИВФ).
Според нив, на сперматозоидите им е потребна и заштита од микроби присутни во женскиот репродуктивен систем.
Новите наоди се темелат на анализата на примероците на сперма од 325 неплодни и 190 плодни мажи.
Се покажало дека зголеменото ниво на клучни протеини резултира со зголемување на подвижноста на сперматозоидите и зголемување на шансите за зачнување.
Се проценува дека во светот неплодни се 10 до 15 отсто двојки, а во 40 проценти од овие случаи станува збор за неплодност кај мажите.