Минијатурни честички злато можат да ја зголемат ефикасноста на третманот за агресивни тумори на мозокот, пишува стручното списание „Nanoscale“.
Британски научници од колеџот Ст. Џонс во Кембриџ, креираа честички на злато со размер од неколку милијардити делови на метарот и ги обложија со лек за хемотерапија.
Со овие наночестички потоа е третирано само средиштето на канцерогени клетки, што по еден третман зрачење резултираше со запирање на репликација на карциномот и изумирање на голем број туморски клетки.
Зрачењето со ослободување на придружните лекови за хемотерапија ја поттикнало активноста на електроните во честичките на златото, што довело до уништување на ДНК на клетките на рак, појаснуваат научниците.
Истражувачите веруваат дека овој пристап може да најде своја примена во третирање на типови на рак кои се исклучително отпорни на постоечките методи на лекување втемелени на зрачење или класичната хемотерапија.
Тестирањето на нова терапија врз луѓе се очекува во 2016 година.