Home / аларм / Внимавајте на хигиената и исхраната- жолтица демнее во Македонија

Внимавајте на хигиената и исхраната- жолтица демнее во Македонија

Во Инфективното одделение во Клиничка болница во Штип хоспитализирани се 11 пациенти со симптоми на жолтица.

Инфектологот Глорија Караѓозова изјави дека кај четворица пациенти веќе е докажано дека имаат хепатит од типот А.

zoltica– Хепатит А е сезонско заболување и покрај тоа што ние го очекуваме во есен или зима, но сега во август, токму во летниот период се појави. Моменталната состојба е 11 пациенти кои се хоспитализирани од кои што докажани значи со изолати хепатит А се четири пациенти, истакна Караѓозова.

Таа додава дека хоспитализираните пациенти се од Штип, сите се на различна возраст, од кои најмалиот пациент има пет, а најстариот над 30 години.

Пациентите се од различни делови на градот и немаат никава пријателска или пак семејна поврзаност.

По четирите потврдени и седумте сомнителни случаи инфектолозите апелираат граѓаните да ја зголемат хигиената на овие летни горештини, но и да внимаваат на храната, овошјето и зеленчукот кои ги консумираат.

Засега изворот на заразата од жолтица во Штип е непознат, по што надлежните институции и епидемиолозите ќе треба во текот на овие денови да го откријат жариштето на болеста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top