Home / Болести и лечење / Замор, бледа кожа, пад на концентрација – Знаци кои зборуваат дека имате недостиг на железо

Замор, бледа кожа, пад на концентрација – Знаци кои зборуваат дека имате недостиг на железо

Околу девет осто жени страдаат од недостиг на железо, но, велат стручњаците, таа бројка е поголема меѓу физички активните жени. Обрнете внимание на следните знаци кои предупредуваат дека ви недостига железо.

ЗАМОР

zelezo vo krvОрганизмот го користи железото во производството на хемоглобинот, супстанција во црвените крвни зрнца кои го пренесуваат кислородот. Кога немате доволно здрави крвни зрнца, почнувате да се чувствувате изморено.

ПАД НА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА

Синтезата на невротрансмитерите може да биде изменета кај лицата со недостиг на железото, што доведува до нарушување на вниманието.

АПАТИЈА

Уште една последица од изменетата синтеза на невротрансмитерите е апатијата, и рамнодушноста кон околината, пријателите, семејството, па дури и кон работата.

ОСТАНУВАТЕ БЕЗ ЗДИВ

Без разлика дали сте се измориле на тренинг или само сте се вратиле дома од работа, сте останале без здив? Тоа е знак дека вашиот организам едноставно копнее по кислород – а тоа значи дека имате недостиг на железо во крвта.

БЛЕДА КОЖА

Невобичаено сте бледи? Тоа може да биде поради слабиот проток крвта и намалениот број на црвениот крвни зрнца.

ТЕШКИ ВИ СЕ ВЕЖБИТЕ

Вообичаените вежби што го правите одеднаш ви станале посебно тешки? Проверете го нивото на железото.

ЗАМОР ВО МУСКУЛИТЕ

После теретаната подолго чувствувате болка во мускулите отколку обично? Мускулите ја изгубиле способноста брзо да закрепнат поради недостиг на железо во организмот.

НОКТИ

Една од последиците на недостиг на железо се гледа и по ноктите, кои стануват тенки и лесно се кршат, а на себе имаат бели дамки.

ЧЕСТИ ИНФЕКЦИИ

Ако често се разболувате, малку по малку па сте настинати или боледувате од респираторни проблеми, повторно е виновник недостигот на железо.

ЦРВЕНА УРИНА

Познато е дека урината може да биде црвеникава поради некоја храна, како што е цвеклото, на пример. Но, кај некои луѓе кои имаат недостиг на железо исто така може да дојде до оваа појава, поради зголемена апсорпција на извесни пигменти во цревата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top