Начинот на кој се лечеле нашите предци пред 100 години бил многу екстремен, така што тие имале пократок животен век од денес.
Начините на кои се лечеле луѓето во минатото не биле успешни како денес, бидејќи многу лекови не биле откриени, а луѓето се снаоѓале со инспирација на лечење преку природата и за некои работи мислеле дека им помагаат, а всушност било обратно.
Ова се само некои од тогашните начини за да се решат здравствените проблеми кои никако не смеете да ги испробате дома.
Затнат нос
Во минатиот век ова се решавало на неколку начини. Прво на болните им се советувало да пушат лисја од дивизма (растение), потоа во носот неколку пати денот да вбризгуваат мешавина од борна киселина и вода, а на крај и често да вдишуваат мешавина од амонијак, јод и карболна киселина.
Ако овој метод не успевал, тогаш на болните им се препорачувало да натопат памук од 4% кокаин и да го стават во носот со што наводно веднаш се решавал проблемот.
Болка во грло
Рецептот за овој проблем бил: 1/2 л. маслиново масло, 1/2 л. амонијак, 1/2 л. терпентин и едно јајце. Таа смеса се нанесувала на грлото и чекале да се направи плик. Потоа ги чистеле тие пликови и ги мачкале со ладен крем.
Ако тој начин не помагал, тогаш мешале кокаин со топла вода и малку маслиново масло и таа смеса ја нанесувале на грлото. Исто така, им се давало да шмукаат малку кокаин пред јадење и верувале дека ова е лек за сè.
Крварење од нос
За запирање на крварењето нашите предци наоѓале печурка како топче и ја ставале во носот држејќи ја извесно време. Друг метот за запирање на крварењето бил да се дигнат рацете над глава и ставале ладна облога на врат, а во екстремни случаи ставале мраз на тестиси или на гради истовремено вбризгувајќи топла солена вода во ноздрите.
Ќелавост
Ќелавоста се решавала на брз и едноставен начин. Правеле чај од жалфија, го мешале со виски и пиеле една голтка. Во остатокот ставале кинин и со тоа ја мачкале главата најмалку два пати дневно. Друг метод е втријување на главата со мешавина од бадемово масло, рузмарин, вино, дестилирана вода и жива.
Вошки
Вошките ги третирале со керозин кој правел пликови на главата, а потоа пликовите ги решавале со ладен крем. Друг начин бил ставање на плава маст која содржела 20% жива.
Чиреви
За чиревите, мешале сок од домати, пола лимон и го ставале на болното место, а потоа го испирале со сода бикарбона, борна киселина или оцет.
Портал.ком.мк