Home / природен лек / За глисти, дијареа, бронхитис – се лечи оваа билка

За глисти, дијареа, бронхитис – се лечи оваа билка

Со мајчина душица против бронхитис
Се користи и при лекување бронхопневмонија,
бронхијална астма, ларингит и туберкулоза

majcina-dusicaМајчината душица (thimus serpyllum) е многугодишно растение со
виолетово-црвени цветови. Цвета во јуни и во јули, а понекогаш и до септември.

Се користат расцветаните делови, кои треба да се отсечат без да се оштетува долниот здрвенет дел на билката. На мајчината душица и треба многу сонце и топлина и затоа се среќава на суви каменести места и планински пасишта, каде што има топла почва.

Најделотворната состојка во неа е тимолот, кој го има во етерското масло.

Надземните делови на мајчината душица содржат етерско масло од 0.1 до 1 отсто. Мајчината душица има антивоспалително, антимикробно дејство, го олеснува искашлувањето на секретот од белите дробови и ги отстранува болката и тежината во градите. Затоа се користи при лечење на бронхит, бронхопневмонија, бронхијална астма и ларингит и туберкулоза.

Механизмот на дејство е врзан со присуството на тимолот.

За размекнување на слузта во бронхите и за олеснување на искашлувањето може да се подготви чајна мешавина

– 15 г мајчина душица,

15 г корен од јаглика (primula officialis), и

15 г лисја од подебел (tussilago farfara).

За припремање чај од оваа мешавина се зема 1 голема лажица и се прелива со 250 мл зовриена вода. Се остава да стои 15 минути, се додава 1 лажица мед. Чајот се пие исклучиво топол, постепено, во голтки. Дневно треба да се испијат 3 до 4 шолји.

Може да се подготви и тинктура од мајчина душица со 200 г лист од мајчина душица, 100 г глицерол, 320 г концентриран алкохол (96 отсто) и 580 г провриена вода.

Иситнетите лисја се преливаат со смеса од глицерол (се купува во аптека) и алкохол. Треба да отстојат 8 дена и повремено да се промешуваат. Потоа тинктурата се процедува. Од оваа тинктура се земаат три пати дневно по 20 до 30 капки, кои се накапуваат на коцка шеќер. Тинктурата може да се употребува и за локално втривање (масажа) при болки во мускули и зглобови, но и кај болни од мултиплекс склероза.

Иситнета мајчина душица во свежа состојба натопена како кашичка се употребува за компреси при лечење рани, против
загнојување.

Поради големата содржина на тимол, мајчината душица може да покаже и надразнувачко дејство врз лигавицата на желудникот. Затоа не се препорачува долготрајна употреба кај болни со чир на желудник или на дванаесетпрсното црево. Тимолот треба да се дозира внимателно и при бременост.

Тимол во доза од 0.05 до 0.10 г се зема внатрешно при метеоризам (гасови во црева) и дијареа. Во големи дози (1 до 4 г) тимолот се користи како средство против глисти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top