Британката Клер Озборн се запиша во историјата на медицинските чуда, сосема неверојатно – буквално го искашлала туморот со големина на 2 см, лекарите потврдиле дека е излечена.
Ја однела искашланата грутка в болница, всушност тогаш и дознала дека боледувала од многу агресивен вид рак на грлото, но веќе било предоцна – се излечила:).
Сепак лекарите оставиле мал простор за сомневање, прогнозирале дека можноста за целосно оздравување е 50%, но деталните прегледи покажале дека во нејзиното тело повеќе нема тумор.
– Докторот се заврте и ми рече : Се чини навистина сте го искашлале карциномот. Ви честитаме!- раскажа 37 годишната мајка на шест деца.
Се уште не можам да поверувам дека на овој начин си го спасив животот.