Home / Болести и лечење / Зуење во уши, аритмија – Организмот предупредува за недостаток на магнезиум

Зуење во уши, аритмија – Организмот предупредува за недостаток на магнезиум

Соодветни количества на магнезиум се клучни за непречено функционирање на мозокот, срцето и мускулите, а потребен е и за здравјето на коските. Недостатокот на овој минерал е многу честа појава, а организмот на свој начин предупредува за зголемување на неговото конзумирање.

uvo bolkaПостојаното одзвонување во ушите е вообичаен симптом за недостаток на магнезиум, како што е и губењето на слухот. Многубројните истражувања покажуваат дека магнезиумот во доволни количества може да спречи формирање на слободни радикали, кои, меѓудругото, можат да доведат до губење на слухот.

Магнезиумот е од клучно значење за оптималните функции на мускулите. Без негово присуство во организмот, телото постојано би било во грч, бидејќи токму овој минерал им овозможува на мускулите да се опуштат.

Врската меѓу ниското ниво на магнезиум во организмот и депресијата е воочена уште пред стотици години, кога докторите го користеле за лекување на ова ментално нарушување. Модерната наука ја поддржува оваа теорија, а истражувањата покажуваат дека лицата склони на самоубиства имаат многу ниско количество на овој минерал во организмот. Една од предностите од користење магнезиум во однос на антидепресивите е тоа што минералот не создава несакани дејства.

Недоволното количество на магнезиум може да предизвика срцева аритмија, при што срцето не успева регуларно да чика, а тоа може да предизвика поголем ризик за компликации, како што се срцевите и мозочните удари.

Голем број луѓе веруваат дека каментот во бубрег се создава поради вишок на калциум, но главен виновник е недостатокот на магнезиум.

Потребите за магнезиум зависат од повеќе фактори, како што се здравствената состојба, возраста, сотавот на храна, конзумирањето алкохол, стресот, бременоста и доењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top