Home / аларм / Хемикалија што предизвикува тумори најдена во чипсот, крекерите, тост лепчињата…

Хемикалија што предизвикува тумори најдена во чипсот, крекерите, тост лепчињата…

Во голем број намирници кои секојдневно се наоѓаат на нашата маса откриена е хемикалија која предизвикува формирање на тумор.

Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) ги потврди претходните проценки втемелени на истражувањето врз животни според кои акриламидот во храната го зголемува ризикот од развој на рак.

namirnici

Акриламидот е канцерогена хемикалија која е пронајдена во намирници кои секојдневно ги користиме како кафето, чипсот, пржените компирчиња, бисквити, крекери, крцкав леб, тост и одредена храна за бебиња.

Таа настанува во процесот на печење и пржење на над 150 степени во момент кога храната поприма кафеава боја и подобар вкус.

Децата се најизложени поради ниската телесна маса. ЕФСА на барање на европските експерти спроведе истражување по што издаде потврдно соопштение и препорача натамошни тестирања врз луѓе.

Се очекува европските влади да донесат нови насоки за исхрана, а од ЕФСА препорачуваат построги контроли врз прехранбената индустрија и дозволено ниво хемикалии, во супермаркети и ресторани.

Др. Диане Бенфорд од ЕФСА појаснува дека акриламидот се козумира орално и низ гастроинтестиналниот тракт се апсобира во сите органи и екстензивно се метаболизира. Во текот на тој процес доаѓа до формирање на глицидамид што предизвикува мутација на гени и тумори.

Новите насоки би требало да доведат до намалување на присутноста на акриламид во храната и посебно да ги информираат луѓето за начинот на подготовка на храната дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top