Конзумирање на една-две чаши сомелена брокула на ден помага за лекување на астма, утврдија австралиски научници.
Брокулата е богата со витамин А и Ц, витамин Б-6 и содржи железо, калциум и влакна. Се смета дека таа има и антиканцерогено својство. Лабораториски истражувања спроведени на Универзитетот во Мелбурн, покажале уште дека јадењето на зеленчук од семејството зелки е корисно при заболувања на црниот дроб. Причината е супстанцата сулфорафан, која се содржи во брокулите и други зелкаст зеленчук, и може да помогне за превенција од воспаление на дишните патишта, кои предизвикуваат астма.
“Во Австралија од астма страдаат еден на секои десет лица и бројот на заболени се зголемува”, соопшти Надја Мазаракис од Универзитетот во Мелбурн, која го спровела истражувањето заедно со д-р Том Карагианис.
Мазаракис прецизира дека истражувањето е се уште во експериментална фаза и при напад на астма или сериозни тешкотии на дишењето треба да се следат советите на лекарите.