Циметот е зачин кој главно се поврзува со слатките, но тој има многу предности кои го прават корисен во секојдневната исхрана и е одличен чувар на здравјето.
Тој има способност за ревитализација на метаболизмот, со што ефикасно се губат килограмите. Циметот помага и за намалување на нивото на ЛДЛ холесторолот во телото, оставајќи го нивото на добриот холестерол непроменето.
Циметот им се препорачува на дијабетичарите бидејќи природно го регулира нивото на шеќерот во крвта.
Овој зачин го „грее“ телото и ја подобрува циркулацијата на крвта. Најмногу корист од зголемениот проток на крвта има срцето, бидејќи тоа значи намалување на отчукувањата на срцето и намалување на крвниот притисок.
Циметот може да користи и при лекување на различни воспаленија. Помага и при подобра работа на мозокот и го намалува создавањето на тестостерон, а го зголемува производството на прогестерон.
Циметот може да се користи и како ароматерапија, со која се подобрува расположението.
Неколку студии покажаа дека циметот има антисептички својства и ги убива бактериите…
Како да го користите: за да направите чај, измешајте пола лажичка цимет во прав со една чаша зовриена вода. За лош здив, измешајте го со ладна вода и употребувајте го за плакнење на устата. Циметот, исто така, може да се користи и за дезинфекција на рацете, обично во форма на етерични масла.
Внимание: циметот содржи кумарин кој може да ги оштети црниот дроб и бубрезите, ако внесувате големи количества. Во мали количини потполно е безопасен
1.Ја подобрува работата на мозокот – Мирисот и вкусот на цимет, како што тврди неодамнешно истражување, стимулира активност во мозокот и ја подобрува концентрацијата, визуелното паметење и меморија и брзината на реакциите.
2.Го подобрува варењето – Циметот е одличен извор на манган, прехранбени влакна, железо и калциум. Спојот на калциум и влакна поволно влијае врз дигестивниот тракт зошто оваа комбинација се сврзува за жолчните соли и помага при нивно излачување надвор од телото. На тој начин сте заштитени од карцином на дебелото црево и високо ниво на холестерол.
3.Ја зајакнува косата – Антиоксидансите во циметот одлично ги регенерираат влакната и го хранат скалпот.
4.Помага во борбата со вишокот килограми – Секојдневната конзумација спречува натрупување на масти во телото, покрај тоа антиоксидансите го стабилизираат нивото на шеќер во крв и ја намалуваат потребата за јаглени хидрати.