Home / природен лек / Четири домати дневно го смалуваат ризикот од рак на бубрезите

Четири домати дневно го смалуваат ризикот од рак на бубрезите

Честото конзумирање на домати и други видови овошје и зеленчук со висок процент на ликопен во нова студија е поврзано со помал ризик од заболување на рак на бубрези.

domatЖените кои често козумираат домати и друг вид на овошје и зеленчук со висок удел на ликопен, имаат помал ризик да добијат рак на бубрезите, покажаа резултатите од најновата студија.

Ликопенот е антиоксиданс одговорен за бојата на доматите, лубеницата, грејпфрутот и папајата.
Некои претходни истражувања го поврзуваа внесот на ликопен со помал ризик за развој на карцином на бели дробови и желудник.

Новите наоди се собрани во текот на 20 години од речиси 92.000 испитанички кои ја поминле менопаузата.
Во просек учесничките во истражувањето со најголем внес на ликопен имале 45 отсто помал ризик од заболување на рак на бубрези, отколку испитаничките кои конзумирале најмали количини.

Научниците веруваат дека добиенит наоди е можно да се објаснат со влијание на ликопенот врз редуцирање на оксидативниот стрес поврзан со развојот на рак на бубрези.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top