Во лабораториски услови е докажано дека прочистениот прополис ја уништува кандида албиканс за само осум секунди.
За борба против габичните инфекции се препорачува земање витамин Ц, најмалку трипати дневно по 1 г секогаш во комбинација со лиофилизиран матичен млеч. Се препорачува и секојдневна употреба на лукот, витамини од Б-групата како и есенцијални масни киселини од незагреано ленено масло.
Помага и редовно пиење свежо исцедени сокови од зеленчук пред секое јадење. Од исхраната освен шеќерите треба да се отстранат и ферментирани газирани напитоци. Исхраната треба да биде според крвните групи. За да се заштитат жените од габичните инфекции, освен хигиена треба да ги избегнуваат стресните ситуации и да носат памучна долна облека, а не треба да носат тесна облека.
Свежи сокови против неврози, невралгии и кандида:
- Потребни состојки: 280 г моркови, 170 г спанаќ. Исцедете го зеленчукот. Сокот се пие по еден филџан, три пати дневно пред јадење.
- Смеса од 255 г сок од моркови и 200 г сок од целер. Се пие по еден филџан, три пати дневно пред јадење.
- Смеса од 200 г сок од моркови, 110 г сок од целер, 60 г сок од магдонос и 90 г сок од спанаќ. Се пие по еден филџан, 3 пати дневно пред јадење.