Болките во грбот може да бидат последица и од лоша забарска интервенција предизвикана неуедначен контакт меѓу горните и долните заби, заклучиле лекарите од Хамбург.
Доколку „без никаква причина“ ве боли грбот, препорака на лекарите е прво да одите на забар и да проверите дали имате несоодветна големина на пломба, лошо направен мост, или пак некој изваден заб.
Кога човекот има нормална забна низа, притисокот при џвакањето рамномерно се пренесува преку сите заби, но, доколку интервенцијата на забар или губење на забите предизвикале нерамномерност во контактот на горната и долната вилица, некои заби се пооптоварени од другите, а со време тој притисок се пренесува и на рбетните пршлени, тврдат лекарите.