Во една чаша зовриена топла вода растворете две лажици мед. Добро измешајте и ставете во голема тегла. Додадете 2 лажици кефир и еден литар млеко.
Измешајте, покриjте со два слоја газа и ставете го на топло место да отстои три дена. Потоа додадете едно лажиче сув квасец, измешајте и повторно покриjте со газа.
Штом ќе забележите дека во теглата почанале да се создаваат меурчиња , кумисот е готов.
Ставете ја теглата во фрижидер и пијте по 0,5 децилитри половина час пред јадење три пати на ден најмалку две недели.
Предупредување:
Возачите не треба да пијат кумис пред да возат бидејќи содржи мала количина на алкохол.