Home / Болести и лечење / Пари за лекови за рак да се соберат и од фирмите-загадувачи

Пари за лекови за рак да се соберат и од фирмите-загадувачи

По ракот на белите дробови и на желудникот, на трето место според зачестеноста е ракот на црниот дроб.

jetra crn drobРизик-факторите за појава на овој вид рак се староста – лицата над 40 години почесто заболуваат, а мажите дури двапати повеќе од жените страдаат од цироза, која заедно со хроничните инфекции на црниот дроб, хепатитис Б и Ц, дебелината и дијабетесот, се битни ризик-фактори. Важно е да се внимава и на замастеноста на црниот дроб, што ја имаат најмалку 25 отсто од луѓето, а три отсто од нив развиваат и цироза на црниот дроб. Битно е помалку да се јаде, а да се има поголема физичка активност и добро е да се пие 2-3 филџани црно кафе, не еспресо за да не го замастите црниот дроб.

Го има лекот кој е од 2007 година, а е регистриран кај нас, но проблемот е што тој не е на позитивната листа на Фондот за здравство, па пациентите може да го користат во лекувањето само ако самите го обезбедат – околу 7.000 евра месечно.

Во светот веќе се појавува втората линија современи лекови за ова заболување, а ние с` уште ја немаме ни првата. Треба прецизен буџет на клиниката и да се одреди од каде ќе се обезбедат пари за нив. Би бил среќен повеќе да не мора да им се извинуваме на пациентите дека ја немаме оваа терапија, која не е на товар на Фондот за здравство, па пациентите мора самите да ја обезбедуваат. Во Македонија има само 3 молекуларни лекови што се регистрирани, а од таа терапија во светот има 50 лека. Плус пари за овие препарати би можеле да се обезбедат преку акцизи или од фирмите загадувачи на околината – речеДиректорот на Kлиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Милан Ристевски .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top