Home / природен лек / Што да јадете против отекување на нозете

Што да јадете против отекување на нозете

Нутриционистите препорачуваат помошта да ја побарате во интегралните производи и кромидот. Специјалните активни супстанци кои се содржат во нив ги јакнат ѕидовите на вените и венските залистоци.

oticanje-i-voda-u-nogamaЗа да ја задржи сврзувачкото ткиво затегнатоста на ѕидовите на вените и да остане еластично потребни се витамините Б6 и Б12 кои ги има во интегралните производи, зелката и печурките. За да бидат цврсти вените, многу важни се и аминокиселините пролин и глицин, кои се содржат во рибата, производите од соја, гравот и во грашокот.

Важна улога игра и колагенот, кој влијае вените да останат млади. За да произведе нашиот организам колаген потребен му е микроелементот цинк, а поради тоа, стручњаците советуват со цел да се спречат венските проблеми, да се консумира пченка, коренаст зеленчук и мешунки (леќа, грав, грашок).

Меѓу другото, за да ги зацврстите вените обезбедете им доволно витамин Ц, кој го има во цитрусното овошје, пиперката, зелката и магдoносот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top