Home / природен лек / Што да правите ако ви отечат нозете?

Што да правите ако ви отечат нозете?

Отекувања, односно едеми, се создаваат бидејќи се насобрала течност во ткивото, а целиот процес е последица на отежнувањето на крвотокот и на лимфите. Ова почесто се случува во лето, а можеби веќе сте го искусиле. Под влијание на сонцето и на горештините се шират крвните садови и капиларите.

noze1Еве што треба да направите ако ве мачат отечени стапала и нозе:

Намалете го внесувањето сол – солта придонесува за задржување на течноста.

Подигнете ги нозете додека седите – ако лежите на грб, подигнете ги нозете на некоја цврста подлога и останете во таа положба барем десет минути. Повторете го ова три пати во денот.

Редовно вежбајте – тренингот ја поправа циркулацијата.

Намалете го вишокот килограми – прекумерната тежина ја забавува циркулацијата на телесните течности и додава притисок на вените.

Одбегнувајте долго седење – на секои два часа станете и прошетајте малку.

Внимавајте на лековите – консултирајте се со лекар за терапијата што ја користите. Одредени лекови може да придонесат за отекување.

Во краен случај – посетете лекар ако отокот не се намалува или ако надуеноста почне да ја оштетува кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top