Потребни состојки:
200 г мед
250 г семе од коприва (мелено, за да не крцка меѓу забите)
250 г тахини
Рецепт за тахини (интегрално, без додатоци):
1 лажица сусам (или ленено семе)
1 лажица маслиново (или сусамово масло)
За поголема количина, односот е 1:1
Постапка:
Испржете гом сусамот на тивко во тавче без зејтин со постојано мешање. Кога сусамот ќе добие златна боја, истурете го во чинија (не го оставајте да се лади во тавчето затоа што таму ќе продолжи да се пече). Кога ќе се излади сусамот, истолчете го во толчник додека да добиете прав. Додајте една лажица масло па мешајте додека да добиете изедначена смеса.
Сок од еден поголем лимон
Подготовка:
Сите состојки убаво измешајте ги во еднолична смеса па оставете да отстои еден ден.
Употреба: 1 лажица наутро, на гладно.
Дејство: Ја подобрува крвната слика за две недели.
ZaSe.mk
ve molam info kako se pravi 250 grama tahini , pisuva edna lazica susam i lazica maslo od maslinki
pozdrav oleg