Home / Болести и лечење / Што е страбизам – како се лекува

Што е страбизам – како се лекува

Страбизам е состојба на нарушување на видот при која двете очи не гледаат во иста точка во исто време. Најчесто започнува во раното детство. Оваа состојба е позната и како разрокост.

Што го предизвикува страбизмот?

strobizamПричината за појава на страбизам во детството не е позната, иако се смета дека фамилијарната предиспозиција игра улога. Нормално мускулите кои се припојуваат на очното јаболко работат синхроно со цел обете очи да се движат во иста насока во исто време. Страбизам се јавува кога има нарушување во работата на очните мускули а со тоа и недоволна контрола на очните движења. Кога тие работат неисправно, фокусот на двете очи се разликува, со што се создаваат различни слики на очните дна кои мозокот нема да може да ги спои. Понекогаш страбизам се појавува кога очите надокнадуваат за други проблеми на видот како што е на пример далекувидноста. Кај возрасните страбизам може да се јави поради оштетување на очите, оштетување на крвните садови, мускулите или нервите кои ги инервираат очните мускули. Губиток на видот, очни или мозочни тумори, базедова болест, мозочен удар и разни мускулни или нерви нарушувања можат да бидат причина за појава на страбизам кај возрасните.

Фактори на ризик за развој на страбизам во детството
– позитивна семјна историја за страбизам
– проблеми со видот како далекувидост
– мускулни и нервни нарушувања (мијастенија гравис, цребрална парализа, мултипла скероза и др)
– Даунов синдром
– Катаракта
– тумори во мозокот или очите
– предвремено породување, повреди во текот на породувањето или некои болести кај новороденчето
– повреда на главата
– инфекции како менингитис или мали сипаници

и др.

Симптоми
Најчесто видлив знак за разрокост е кога двете очи не гледаат во иста точка во просторот во исто време. Замижување или затворање на едното око на силно сонце, завртување и наведнување на главата за да се погледне некој објект се можни знаци за разрокост. Детето кое има страбизам може да се жали на заматување на видот, замор на очите и преосетливост на светлина. Двојни слики често се јавуваат уште на почетокот на настанувањето на страбизмот.

Дијагностицирање
Докторот често само со погледнување во очите на детето мое да каже дека детето има страбизам, односно често е очигледно дека двете очи не гледаат во иста точка во исто време. Лекарот може да го наблудува детето дури гледа во некоја точка со покривање и отскривање на едното око. Овој едноставен тест му овозможува на докторот да прецени кое око се завртува, колку се завртува, кон која страна се завртува, и доколку постојат други околности да ги согледа истите. Докторот исто така ќе испита дали детето има амблиопија (состојба уште позната и како мрзливо око), при која едното око не се користи доволно, како последица на што видните центри во мозокот не се развиваат во нормална мера).

Лекување
Најчест начин на терапија на страбизмот е употреба на очила, потоа следи лекување на амблиопијата (со лекови или покривање на едното око) и оперативен третман на страбизмот. Со носењето на очила може да се исправи страбизмот кога постои мала разлика меѓу оските на очите. Со прекривање на едното око или лекови може да се подобри амблиопијата. Со нејзино лекување пак ќе им се помогне на очите да се усогласат, да се фокусираат на ист објект и рамномерно да се користат. Во други случаи може да бидат препорачани специјални вежби за очните мускули. Понекогаш хируршката терапија е единствена опција за да се корегира силно изразен страбизам. Оперативно се менува должината или положбата на надворешните очни мускули со цел подобро да се усогласи движењето на очите.

Дали децата го надраснуваат страбизмот?
Детето ретко го надраснува страбизмот откако тој ќе се развие. Без лечење страбизмот може да предизвикува трајни проблеми на видот. Доколку детето не ги користи рамномерно очите, може да се развие амблиопија (мрзливо око или намален вид на едното око). Кај новороденчињата е нормално на почетокот очите да не се усогласени, но по 3-4 месеци веќе тие треба да работат синхроно. Во некои случаи очите можат да изгледаат неусогласени затоа што тие имаат широк корен на носот кој создава изглед на лажна разрокост(псевдострабизам). Секое дете постаро од 4 месеци чии очи не се усогласени треба да биде прегледано од страна на офталмолог. Прегледот треба да се изврши и порано доколку постои очигледен проблем.

Tocka.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top