Седечкиот начин на живот три пати го зголемува ризикот од дијабетис и е поврзан со ризици од болести на срцето. Неактивноста е еден од најголемите убијци на возрасните луѓе, тврди Светската здравствена организација
Најстрашно е што резултатите од истражувањето покажале дека ефектите се исти дури и кога едно лице кое долго седи во остатокот од денот се занимава со физички активности.
– Повеќето луѓе сметаат дека ако вежбаат секојдневно, нема да имаат проблеми поради долгото седење. Но, кога долго седиме, размената на ензимите во нашите мускули може да доведе до опасно ниво на шеќерот во крвта. Ефектите се случуваат брзо, а вежбањето не може целосно да ве заштити – вели истражувачот Ема Вилмот, чиј тим од Универзитетот во Лестер анализирале 18 студии кои опфатиле 800.000 луѓе.
Научниците откриле дека лица кои долго седат имаат два пати поголеми шанси да добијат дијабетис или болести на срцето, од тие кои седат покусо време. Тие исто така забележал дека таквиот живот води зголемен ризик од болести на бубрезите посебно кај жените.
Тим Алардист, остеопат и физиотерапевт од Велика Британија објаснува дека на телото му е потребно постојано движење.
– Нашиот рбетен столб е дизајниран за движење. Колената, колковите, зглобовите, стапалата исто така е подвижни зглобови. Ако седите по четири часа на столица, пет дена во неделата, а рбетот не се движи, колената и колковите се свиткани, а вашето тело станува вкочането. Мускулите слабеат и телото почнува да се буни – вели тој.
Жените кои носат високи потпетици и тесни здолништа на работа, се во посебна опасност. Таквите чевли прават карлицата да се навалува нанапред додека стоиме и одиме, што ги ослабува грбните мускули, додека тесните здолништа ги ограничуваат движењата на зглобовите.
Како да се заштитите од овие опасности? Едноставен начин е никогаш да не седите подолго од 30 минути без пауза. И позата во која седите е исто така важна.
Држете го грбот исправено, а рамената опуштете ги и зафрлете ги наназад. Задникот треба да се наоѓа точно до наслонот на столот и избегнувајте да ги прекрстувате нозете.
Ако веќе имате болки во грбот, рамената и колената, важно е да сте што повеќе активни, за да ја вратите раздвиженоста на зглобовите.
Лошите последици по здравјето предизвикани од честото седење
Не седете на работа, стојте и работете – еве зошто!