За да засадите Ѓумбир потребен ви е корен кој има пупки, по можност и со зелени израстоци на него.
Ѓумбирот сака топлина околу 25 степени па најдобро е да го засадите во саксија која ќе ја чувате блиску до радијатор доколку тоа го правите во зима.
Летно време може да го извадите надвор. Доколку го садите во двор бидете сигурни дека нема да има големи промени на времето кон поладно бидејќи коренот ќе смрзне и нема да изррти.
Бара делумна сенка, многу влага и хранлива почва. Се бере дури 7 месеци по садењето, а за сушење на листовите дури и по 10 месеци. За разлика од другите билки расте поспоро.
Засадете го плитко во почвата со коренот во земја а пупките нагоре и редовно поливајте го со вода.