Плодовите на црната аронија се вистинска витаминска бомба, а птиците ги јадат уште кога тие имаат црвена боја. Можеби тоа е затоа што плодовите тогаш се повидливи отколку подоцна кога ќе поцрнат. Изненадени од лековитоста на бобинките, научниците спроведоа многу истражувања и резултатот секогаш беше ист: аронијата е вистински дар од природата и борец против многу сериозни заболувања.
Како се употребува
Бобинките имаат специфичен остар вкус, па на многумина можеби нема да им се допаднат, но земајќи ја предвид нивната лековитост, вкусот и не е толку важен.
Лековити својства на аронијата
Аронијата ја подобрува циркулацијата во организмот, а со тоа ја подобрува снабденоста со крв на виталните ткива и органи. Ја подобрува прокрвеноста на мозокот, па затоа помага при главоболка и мигрена. Аронијата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта, помага при атеросклероза и воспаление на вените.
Аронијата ја подобрува функцијата на ендокрините жлезди и го регулира излачувањето на хормоните. Особено е добра за штитната жлезда, бидејќи ја подобрува нејзината функција и го регулира излачувањето на нејзините хормони, што помага при болестите на штитната жлезда и гушавоста (струма).
Аронијата може да се користи и како храна, и како лек за:
- подобрување на циркулацијата;
- ја прочистува крвта;
- ја ублажува главоболката и мигрената;
- го намалува крвниот притисок;
- поволно делува на желудникот и цревата;
- ја спречува дијареата;
- го зајакнува имунитетот;
- служи како детоксикант на организмот;
- правилен развој и функција на црниот дроб;
- ја регулира работата на штитната жлезда;
- го намалува шеќерот во крвта;
- ја регулира работата на панкреасот;
- помага за заштита на кожата од стареење и УВ зраци;
- помага за побрзо зараснување на раните;
- помага при атеросклероза и воспалени вени;
- чир на желудник;
- грчеви во стомакот.
Како се употребува
Бобинките имаат специфичен остар вкус, па на многумина можеби нема да им се допаднат, но земајќи ја предвид нивната лековитост, вкусот и не е толку важен.
Може да се користат свежи, во чаеви, во житарици, како додаток во кремови за палачинки, слатки пити, како сок или да се приготват како џем.
Се користат и суви, а и замрзнати плодови.
Аронијата е растение кое не бара посебна грижа, па многумина веќе го одгледуваат во дворовите. Оние кои немаат такви услови, лесно ќе најдат аронија во поголемите маркети и на пазарите.