Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати ~ 18 грама, протеини ~ 2 грама и масти ~ 1 грам.
Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.
Свежиот ѓумбир помага при намалување на високиот холестерол и во борбата против одредени стомачни бактерии, кои се сметаат одговорни за создавање на стомачен чир, ја намалува подуеноста на стомакот и ја олеснува тензијата предизвикана од непријатни стомачни гасови. Позитивно влијае на обновување на цревната флора, има лаксативен ефект и ја регулира нередовната столица.
Силната главоболка и мигрената може да се ублажат со консумирање на неколку тенки парчиња свеж ѓумбир.
Во медицинските книги кои датираат и од пред 200 години главната индикација за користење на ѓумбирот е како антикоагуланс и како лек против стомачни мачнини. Истражувачите денес докажале дека ѓумбирот е подобар од фармацевтските лекови против мачнините, кој го спречува чувството кое го тера човекот на повраќање.
Истражувачите во Данска утврдиле дека ѓумбирот ефикасно делува против згрутчување на крвта бидејќи ја спречува синтезата на супстанцата наречена тромбоксан која сигнализира на крвните клетки да се групираат, што е прв чекор за формирање на тромбовите. Истражувачите на Корнел универзитетот установиле дека ѓумбирот ја разредува крвта со што може да ги разбие веќе создадените тромбови со помош на супстанцата наречена гингерол која има структура многу слична на аспиринот, кој е меѓу останатото познат и како добар антикоагуланс.
Истражувачите во Индија установиле дека ѓумбирот драстично го намалува превисокото ниво на холестеролот во крвта предизвикано со неконтролирана употреба на заситени масти во исхраната. Во Јапонија установиле дека ѓумбирот ги намалува болките во организмот (делува аналгетски), го спречува повраќањето, го намалува прекумерното создавање на стомачен сок, го намалува високиот крвен притисок и ја стимулира работата на срцето. Исто така ѓумбирот се покажал како блокатор на непотребните мутации на човековите гени кои водат кон појава на рак.
Свежиот ѓумбир – Едноставно исечете неколку тенки ленти свеж ѓумбир и џвакајте ситни парченца. Или пак изрендајте го и додајте лажица мед за ублажување на пикантниот вкус.
Стареење – Ѓумбирот содржи антиоксиданти кои ги отстрануваат токсините од кожата и ја подобруваат циркулацијата, што доведува до побавно стареење.
Изгореници – Свеж сок од ѓумбир нанесете на изгореното место за да го смирите.
Свеж изглед – Втријте мало парче ѓумбир на кожата за да изгледа свежо.
Губење на коса – Нанесувањето ѓумбир на главата ќе го зацврсти влакното и ќе го спречи нејзиното опаднување.
Раст на косата – Ѓумбирот ја потикнува циркулацијата, а со тоа потикнува раст на косата.
Перут – Бидејќи има антисептичко дејство, ѓумбирот може да ви помогне на природен начин да се ослободите од перутот.
Ѓумбирот во прав помага за ублажување на стомачни мачнини, брзо неутрализирање на желудочните киселини, ги ублажува болните симптоми на артритис, грип или полесна настинка.
Многубројните испитувања укажуваат дека употребата на ѓумбир во прав го забавува растот на канцерогените тумори и се покажал како одличен додаток за ублажување на последиците од хемотерапијата како гадење и повраќање.Истражувањето, извршено на 644 пациенти, покажало дека пациентите кои дневно земале од пола до 1 грам сушен ѓумбир или таблета со ѓумбиров прав, чувствувале и до 40% помала мачнина и вртоглавица, кои ги предизвикува хемотерапијата.
Резултатите се објавени во часописот „Cancer Prevention Research. Ексериментите направени на глувци и стаорци покажале дека ѓумбирот може да спречи формирање на тумори кога животинската храна е изложена на хемикалии кои предизвикуваат рак на дебело црево.
Ѓумбирот во прав ја забрзува циркулацијата и го спречува згрутчувањето на крвта. Позитивно влијае и за опуштање на уморните мускули, после исцрпна физичка активност.
Консумирајте ѓумбирне повеќе од 4 грама дневно. Помешајте ½ мала лажичка ѓумбир во прав со млака вода и испијте ја мешавината наутро, 30 минути пред појадокот.
Не е дозволена негова примена кај оние со улкус на гастер и дванаесетпалачно црево.