Home / Болести и лечење / ФИСУРА – Мала раничка, големи болки

ФИСУРА – Мала раничка, големи болки

Аналната фисура (fissura ani) е овална или долгнавеста раничка, која се наоѓа во пределот на анусот и ја карактеризираат бедемести рабови со седефесто розова боја.  Фисурите се најчестата причина за болно крвавење од ректумот и често болката е многу интензивна, иако лезијата главно е мала.

Аналната фисура најчесто се јавува помеѓу 30 и 50 година од животот, еднакво кај двата пола.

bolki stomakПОСЛЕДИЦА ОД ПОВЕЌЕ ФАKТОРИ

Етиологијата на аналната фисура е нејасна и веројатно е последица на дејствувањето на повеќе фактори. Најчести состојби што може да се причина за нејзина појава се:

– повреди
– воспалителни болести на цревата
– опстипација
– дијареја
– хемороиди
– испаѓање на делот на анусот
– оштетување на кожата поради употреба на јаки лаксативи
– нарушена циркулација во аналниот канал
– разни видови инфекции

БОЛKА, KРВАВЕЊЕ

Во клиничката слика доминираат болката, крвавењето и зголемениот тонус на сфинктерот. Болката настанува при голема нужда, а се смалува по празнењето, за набрзо да се јави повторно, и тогаш, е главно многу поинтензивна и подолготрајна. Ваквата состојба го принудува болниот да ја пролонгира големата нужда по неколку дена, а следната столица, која е поцврста, предизвикува уште поголема болка. Ова може да резултира со депресивни состојби.

Kрвавењето како еден од знаците на оваа болест е обично минимално и се манифестира како црвенкасто-розова линија по должина на тврдата и формирана фекалија. Зголемениот тонус на сфинктерот се јавува како одговор на болката.

МАСТИ И KУПKИ

Медикаментозното лечење се состои од локална употреба на соодветни масти и посебни купки.

Може да се очекува смалување на болката и спазмот на сфинктерот исчезнува. А ова доведува до санација на фисурата. Оваа терапија се применува кај акутните фисури. Ако состојбата не се подобри за една недела, неопходно е оперативно лекување. Постојат поголем број различни оперативни третмани од кои повеќето веќе и не се применуваат. Денес како најпрепорачлива се смета латералната сфинктеретомија, која ако ја изведува искусен хирург, нема компликации и може да се направи и амбулантно.

Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top