Краткотрајното попладневно спиење може да ве освежи и да ве одмори, но со тек на времето оваа навика би можела да влијае врз зголемување на можноста за предвремена смрт, тврдат експертите од британскиот УниверзитетКембриџ.
Во истражувањето, чии резултати се објавени во магазинот „American Journal od Epidemiology“, улествувале 16 илјади возрасни Британци кои се согласиле да бидат дел од проектот.
Луѓето кои имаат навика секојдневно после работа да отспијат еден час или подолго, подложени се на потенцијален развој на болест кај белите дробови, како бронхитис, емфизема или воспаление, како и ризик од предвремена смрт од распираторни болести.
Според истражувачите, попладневната дремка може да влијае на појава на бројни воспаленија во организмот.
Тие кои учествувале во проектот биле должни да ги известат експертите за својата „спијачка“ навика. После анализата на податоците, британските експерти докажале дека кај луѓето кои спијат преку ден имаат поголеми шанси за предвремена смрт.
Но, професорот Џим Хорни од Центарот за истражување на соништа на Универзитетот, рекол дека кај голем број луѓе попладневната дремка нема да има негативно влијание.