Како е можно едно растение да биде лековита билка и истовремено со тоа и отров? Тајната е начинот на конзумирање, но и дозата. Еве со кои билки треба да бидете особено внимателни поради токсичниот ефект.
Постојат билки кои се отровни, кога се свежи . Затоа нивното собирање треба да биде особено внимателно (најдобро со ракавици), без да се допирате по лицето, устата и очите. Понекогаш самиот допир на растението со кожата може да доведе до алергиска реакција. Сушењето на билките или термалната обработка значително го намалуваат токсичниот ефект, но во случај на предозирање, билката може да се претвори во отров.
Не секогаш целото растение е отровно, туку само некои негови делови (корени, лисја, плодови и сл.) Или пак силата на токсичниот ефект зависи од тоа колку младо е растението и во каква фаза на развој е (пред, за време, по цветање и сл.) Затоа, како кај печурките, така и кај билките, важно да добро да сте запознаени, за да ги собирате.
Симптомите на труење со билки се изразени преку повраќање, остри стомачни болки, проблеми со кожата, несвестица, вртоглавица, болки во стомакот, дијареа, главоболка, сува уста, температура, забрзан пулс…
При труење со билки е важно , првото што треба да го направите е да предизвикате повраќање. Потоа, можно е да ви биде направено перење на желудникот, прифаќање на медицински јаглен, како и противотров.
Кантарион – Тој во комбинација со изложување на сонце може да предизвика појава на пигментни дамки и кожни воспаленија.
Мак – големите дози можат да предизвикаат труење поради опојни супстанции содржани во растението.
Лудо биле – отровно е целото растение , но најмногу коренот . Причината е во високата содржина на алкалоиди атропин .
Зуи – отровот ефект на оваа билка се должи на потрошувачката на незрели плодови
Татул – содржаните алкалоито во растението водат до халуцинации , а предозирање дури може да има фатален ефект.
Змиско млеко – големите дози од оваа билка имаат токсичен ефект.
Колку лековити , толку и отровни можат да бидат билките арника , Демир боза , анемона , смрадлика ( тетра ) , билка ѓаволски уста.