Кајсијата е добар извор на бета-каротин, па помага при инфекциите и кожните проблеми. Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси и исклучиво се наоѓа во растенијата. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето.
Научниците утврдиле дека кајсијата содржи и големи количини ликопен – антиоксиданс, кој му помага на организмот во борбата против ракот и го заштитува од разни болести.
Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата.
Бета каротинот и ликопенот од кајсијата го намалуваат и нивото на „лошиот“ холестерол во крвта. На тој начин тие се природно средство и за борба против атеросклерозата и болестите на срцето.Кајсиите содржат и големо количество витамин А, кој помага во подобрување на видот.
Маслото од кајсија одамна се користи ка природен лек против ракот и чирот на желудникот.