Суровиот магдонос е добар и за лечење на слабокрвност, односно анемија, и изобилува со огромни количини на витамин Ц што пак ја олеснува апсорпцијата на железо во крвта.
Тој ја поттикнува активноста и лачењето на желудникот, со што ја подобрува апсорпцијата на минерали и останатите материи кои желудникот треба да ги разгради.
Како диуретик магдоносот го подобрува чистењето на токсините од организмот.
Тој е одличен лек и за артритис.
Чајот пак од семето на магдоносот ги релаксира мазните мускули во целото тело и ја олеснува главоболката, мигрената, астмата, грчевите во стомакот и иритациите на меурот.
Го поттикнува крвотокот и добро делува врз нервниот систем, а ја ублажува и летаргијата и анксиозноста.
Рецепт за употреба на магдонос:
Издробените ливчиња магдонос ставени на градите за време на лактацијата го спречуваат нивното отекување и застојот на млекото.
Подготовка на лекот против Ешерихија коли:
Коренот од магдонос (25 дг.) убаво измијте го, потоа добро измелете го. Истата постапка направете ја и со лимон со кора (25 дг.), а подоцна заедно измешајте ги и во добиената смеса додадете 20 дг. мед и 2 дл. маслиново масло. Добиениот лек чувајте го чист стаклен сад.
Лекот се употребува по една голема лажица пред јадење, се додека сиот не се потроши.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes