Во истражувањето учествувале дури 37.000 испитаници кај кои 32 проценти ќелави мажи се покажало дека постои голема веројатност да страдаат од коронарни болести на срцето.
Истражувањето траело неколку години и секако во предвид се земени возраста, но и историјата на болеста во семејството.
“Дојдовме до заклучок дека постои врска помеѓу губењето на косата и срцевите заболувања. Секако, мораме да истакнеме дека голема улога играат пушењето, дебелината, високиот холестерол и крвниот притисок, кои многу повеќе од ќелавоста предизвикуваат срцеви заболувања”, изјавил Томохиде Јамада.
Тој, исто така, ги предупредува младите мажи кои започнале да ја губат својата коса, да посетат кардиолог и да поработат на својот животен стил, да ги сменат животните навики и да се осврнат кон здравиот живот. Се додава, дека мажите не треба да паднат во паника поради резултатите од ова истражување. Потребни се уште дополнителни истражувања за со сигурност да се потврди врската.
Точка.ком.мк