Home / природен лек / Маска од морков – го заменува ботоксот

Маска од морков – го заменува ботоксот

Брзиот начин на живот не истоштува максимално, па на лицето се забележливи брчки и траги на замор, а лек за тоа е маска против брчки направена во домашни услови, чиј ефект е скоро еквивалентен со прочуениот ботокс.

maska lice morkovЗа подготовка на оваа маска потребно ви е: една лажица густин, свежо исцеден сок од морков (5 лажици) и една лажица кисела павлака.

Како да ја подготвите маската:

Во половина чаша вода, растворете го густинот. Ставете го во тенџере и додадете 400 мл превриена топла вода. Ставете го на оган и варете го на ниска температура се додека не се згусне.

На крајот, откако смесата малку ќе се излади, додадете го и свежо исцедениот сок од морков и павлаката. Добро измешајте и ставајте на претходно исчистено лице на 25-30 минути.

Маската измијте ја со топла вода и нанесете крема.

Останатата количина ставете ја во фрижидер.

За подобар ефект маската се става три дена по ред. Ги отстранува трагите од замор и малите брчки, кожата станува затегната, еластична и мека. Ја хидрира кожата и делува скоро како познатиот ботокс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top