Туморот најчесто се јавува на кожичката која го прекрива пенисот и на главичката, а ризикот од рак е поголем ако мажот пуши, затоа што хемикалиите од цигарите предизвикуваат иритација на слузокожата и ширење инфекција.
Ако имате било кои од споменативе симптоми, задолжително посетете уролог. Може во прашање е нешто сосема безопасно, но сепак не ризикувајте.
Ова се клучните симптоми за рак на пенисот:
● Израсток на пенисот кој никако не поминува
● Крварење
● Црвен осип под кожичката
● Кафеави плочести израстоци
● Отежнато повлекување на кожичката
● Исцедок со непријатен мирис
● Необични промени во бојата на кожата на пенисот
● Отечени лимфни јазли во предел на препоните