Храна богата со растителни влакна – Тврдата столица често се јавува кога бебето ќе почне да консумира тврда храна, особено ако исхраната вклучува состојки кои имаат малку растинелни влакна како оризови снегулки, банани, сирење и варени моркови. Наместо оризиви снегулки, користете житарки кои содржат повеќе влакна.
Променете ја формулата – понекогаш формулата за дохрана може да биде решението. Обидете се со формула која е наменета за чувствителен стомак.
Сок од сливи – Сливите се природен лаксатив, сепак бидете претпазливи и давајте му го на бебето само во мали дози, не повеќе од 30 мл на ден. Сокот од круши, кајсии и праски може да има слично дејство.
Повеќе вода – дехидрацијата е честа причина за запек. Често бебињата кои се хранат со формула го имаат овој проблем, а решението може да биде почесто пиење вода.
Масажа и вежби – нежно масирајте го бебето на стомачето а со ножињата вежбајте движења кои имитираат „возење велосипед“.
Ректална стимулација – Во некои случаи педијатрите препорачуваат ректална стимулација, односно нанесување на малку вазелин на врвот на термометарот и нежно мрдање на врвот во ректумот. Звучи чудно но помага. Сепак, консултирајте се со педијатар пред да се одлучите за оваа опција.
ladybook.mk
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes