Британско истражување покажува дека околу 25% од ракот на дебелото црево е како резултат на наследни фактори.
Ако некој член од семејството е со дијагностициран рак на дебелото црево, потребна е консултација со специјалист. Ако е можно, може и посета кај генетичар кој ја проверува генетската предиспозиција.
Превентивните мерки се- редовно вежбање, јадење храна богата со растителни влакна и намалување на месото во исхраната. Колоректалниот карцином ако се открие во рана фаза се лекува. Но не е добро ако на лекар се отиде премногу доцна.
Смртноста не е занемарлива, дури повеќе од 60% од болните имаат трагичен крај.