Растението кое помага да се намали или целосно да се елиминира забоболката е наречено Acmella oleracea.
Антропологот Франсоиз Барбира Фридман од Универзитетот во Кембриџ пред 30 години открила лек, додека живеела со мистериозно племе во Перу.
– Ова растение беше последно на листата за тестирање, но ние брзо сфативме дека тоа има чудесни својства и може да се најде на пазарот за само две години, рече Фридман.
Лекот ќе се прави во форма на гел за најлесно и најбрзо да делува. Како што изјавила Фридман приходот од лекот ќе го дели со племето кое ова растение го употребува за оваа намена уште од кога паметат. Се пренесувало од колено на колено и го користат до ден денешен.