Европската агенција за лекови предупреди на несаканите продолжени ефекти од лекот „стилнокс“ и другите таблети за спиење кои содржат „золпидем“, кои влијаат на нервниот систем дури и 24 часа по употреба на лекот.
„Стилнокс“ се дава за лекување на акутна несоница, а може да има влијание и до 24 часа по земањето на лекот, што е многу ризично за лицата кои возат.
Американците минатата година спровеле истражување на овие лекови и заклучиле дека рефлексите се слаби, а чувството на замор трае долго.
Европската агенција побарала од фармацевтската компанија „Санофи“ да го смени упатството за употреба за лекот.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes